Долгоочекуваниот боксерски спектакл и меч за обединување на титулите во тешка категорија меѓу Олександр Усик и Тајсон Фјури конечно го доби датумот и местото на одржување.
Борбата на столетието, како што ја нарекуваат медиумите, и официјално е закажана за 17 февруари 2024 година во Ријад, Саудиска Арабија.
Првичниот датум за борбата за обединувањето на шампионските појаси беше закажана за 23 декември, но поради мечот на Тајсон Фјури со Франсис Нгану, кој се одржа минатиот месец, мечот е презакажан за идната година со цел боксерот да добие време да ги санира повредите и да може да се подготви со пресметката со Усик.
Breaking: The Tyson Fury-Oleksandr Usyk fight for the undisputed heavyweight championship will take place on Feb. 17 in Riyadh, sources told @MikeCoppinger.
The fight was originally planned for Dec. 23. pic.twitter.com/RDDvQtiwID
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) November 14, 2023