Марко Кизиќ, кој не беше дел од тимот на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер во претходниот меч во Лигата на шампионите против Кил, се најде меѓу 16-темина ракометари кои вечерва ќе играат против ПСЖ во рамките на четвртото коло во елитното натпреварување.
Тренерскиот тандем, Александар Јовиќ и Звонко Шундовски, одлучија повторно да ротираат и овојпат го оставија Калифа Гедбан, кој одлично бранеше против Кил во Битола (20:23), во претходното трето коло во ЛШ.
Направена е рокада и кај пивотите, Данецот Андреас Нилсен е во тимот на местото на Денис Васиљев, додека Емилијан Ѓорговски е во тимот на местото на Павле Атанасијевиќ.