Ракометната репрезентација на Македонија настапот на Светското првенство во Вараждин ќе го отвори со меч против фаворитот број еден во нашата група Д, Унгарија. Овој дуел на програмата е на 15 јануари.
Во второто коло, на 17, ќе играме против Холандија, селекција против која не минавме добро на претходно Светско првенство во Полска, додека сигурна победа во групната фаза ќе бараме против дебитантот на првенствата, Гвинеја, на 19 јануари.
За да ја минеме првата фаза ќе ни биде потребна една победа, а доколку го оствариме тоа, остануваме во Вараждин и ќе ги чекаме најдобрите три од групата Ц, во која се Франција, Австрија, Катар и Кувајт.