Швајцарија ќе игра против Италија на 29 јуни од 18 часот во меч од осминафиналето на Европското првенство. Ова стана јасно откако Аѕурите го освоија второто место во Б групата, а Швајцарија заврши како втора во А групата.
Соседните земји имаат бурена историја кога се работи за меѓусебните дуелите. Од последните шест дуели на овие ривали, дури пет пати било нерешено, а Италија има една победа и таа беше на ЕП 2020 во групната фаза (триумф од 3:0).
Овие ривали беа во иста група во квалификациите за пласман на СП 2022 година, каде се случи вистинска драма. Двата меча завршија нерешено, а на двата дуели Италија преку Жоргињо промашуваше пенал.
Посебно драматично беше на „Олимпико“ во Рим кога Италија требаше да победи за да биде прва во групата, но при резултат 1:1, Жоргињо промаши пенал за победа и тоа во 90 минута. Истиот играч утна пенал и на дуелот во Швајцарија. По таквиот расплет, Швајцарија замина на СП во Катар како прва во квалификациите, а Италија мораше да игра бараж во кој доживеа кошмарен пораз од Македонија во Палермо со 0:1 и не се пласираше на Мундијалот.
Сега Италија добива шанса да се „одмазди“ за неуспешните два меча во квалификаците за СП 2022 против Швајцарија.