Познат составот: Македонија ќе ја нападне Словенија од првата минута

Македонија вечерва мора да брка победа против Словенија ако сака да ги задржи шансите за пласман на завршницата на Европско првенство кое се игра следната година. Нашата репрезентација има осум бода од шест меча, додека Словенија е втора во групата со 11 бодови. Тоа значи дека сѐ освен победа, ќе значи крај за Македонија во трката за пласман на континенталниот собир.

Според најавениот состав, Македонија уште од првата минута ќе стартува офанзивно во формација: 3-4-1-2. На голот ќе биде Димитриевски, во одбраната се Ристевски, Муслиу и Ристовски, а во средниот ред ќе бидат Алиоски, Спировски, Адеми и Николов. Елиф Елмас ќе има улога на полушпиц и треба да нападне веднаш зад ударното дуо, капитенот Пандев и Несторовски.

Македонија против Словенија има позитивен биланс и досега се радувала на три победи. Вечерва на арената „Тодор Проески“ се очекува да има околу 20.000 гледачи кои ќе дадат поддршка за нашата репрезентација. Билети уште има во продажба и може да се купат по цена од 50 до 200 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести