5.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Позната е и првата „жртва“ по крајот на лигашкиот дел од Лигата на шампионите

Лигашкиот дел од Лигата на шампионите и официјално заврши, па познати се 24-те екипи кои продолжуваат во борбата за трофејот. Марсеј е екипата кој извиси со голот на голманот на Бенфика и заврши на 25-тата позиција, а тоа најверојатно ќе значи и отказ за тренерот Роберто де Зерби.

Француските медиуми пренесуваат дека тој воопшто не отпатувал со екипата на подготовките пред првенствениот меч против Париз и во моментов во тек се преговорите околку неговиот отказ.

Сепак, за Марсеј не е проблем фактот дека Бенфика даде гол во 98-мата минута, туку убедливиот пораз од 0-3 на домашен терен од Бриж, во ситуација кога и бод пред своите гледачи ќе им донесеше пласман во следната рунда.

Де Зерби со Марсеј оваа сезона е на третата позиција со седум заостанување позади ПСЖ, а минатата сезона заврши на втората позиција.

- Оглас -

Најнови вести