Позната е казната за Црвена ѕвезда: Север ќе биде затворен?

Екипата на Црвена ѕвезда доби условна казна од страна на УЕФА за испадите на нејзините навивачи на натпреварот од Лигата на Европа против Трабзонспор. Тоа значи дека доколу таквите сцени се повторат во следните две години, Црвена ѕвезда ќе мора да игра без поддршка од своите верни навивачи.

Казната предвидува затварање на северната трибина од стадионот „Рајко Митиќ“, дел од стадионот каде што се сместени најзагреаните навивачи на белградската екипа.

Дополнително, Црвена ѕвезда ќе треба да плати и парична казна од 55.000 евра, и тоа 35.000 за фрлање тврди предмети во теренот и 20.000 поради седењето на скалите на стадионот во Белград.

Сосема извесно е дека Црвена ѕвезда повторно ќе биде шампион на Србија, а според клупскиот рејтинг, титулата носи и директно место во групите на Лигата на шампионите. Токму поради тоа, нов инцидент ќе нанесе уште поголема штета бидејќи Црвена ѕведа може да игра во најквалитетното клупско натпреварување без поддршката на верните навивачи.

- Оглас -

Најнови вести