Позната е платата на Џеко во Фенербахче: Босанскиот ветеран ќе заработи вистинско богатство

Босанскиот ветеран Един Џеко по две сезони во Интер, се одлучи да ја промени средината и да потпише двегодишен договор со турскиот гигант Фенербахче. Медиумите во Турција веќе ја објавија и платата на 37-годишниот Босанец, кој ќе заработи вистинско богатство.

Според договорот, годишната плата на Џеко ќе му биде 4,2 милиони евра, или 8,4 милиони евра за двегодишниот престој. Оваа сума ќе биде дополнително зголемена со бонусите кои ќе ги добие Босанецот, па вкупната сума може да надмине и 10 милиони евра.

Фенербахче сезоната ја заврши на втората позиција, а титулата ја нема освоено од 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести