Брајан Сарагоса зимава како големо засилување пристигна во Баерн Минхен од екипата на Градана. „Баварците“ за него платија 18 милиони евра, нешто повеќе од планираното, бидејќи договорот беше тој налето да се пресели во Германија. Сепак, проблемите со офанзивната линија на Томас Тухел го принуди раководството на Баерн да го забрза трансферот.
Шпанецот во дресот на Баерн Минхен одигра само 20 минути, и најчесто седеше на клупата за резерви. Навивачите на „баварците“ беа во чудење зошто напаѓачот не игра, а сега Томас Тухел откри зошто не го игра Сарагоса.
– „Не го знае јазикот. Тешко говори англиски и германски, тоа е ништо основно што мора да го знае. Трансферот го направивме за да заштедиме време на адаптацијата. Јасно ми е дека ова беше голем чекор за него. Го гледам неговиот квалитет, но ќе мора да се адаптира и да почне да комуницира. Ќе ни биде потребно некое време за тоа.“ – рече Тухел.