Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус, заработи повреда на првенствениот натпревар против Селта и ја напушти играта во 18-тата минута.
Од Кралскиот клуб денес соопштија дека се работи за повреда на бутниот мускул, а шпанскиот весник „Марка“ пренесува дека Бразилецот ќе паузира околу шест седмици или 40-тина дена.
Тоа би значело дека Винисиус на фудбалските терени ќе се врати за мечот од деветтото коло против Осасуна.