31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Позната холандска атлетичарка фатена со 50 килограми дрога

Холандската атлетичарка со пакистанско потекло Мадија Гафур беше уапсена во Германија откако во багажникот на автомобилот кој го возела при рутинска контрола најдени се дури 50 килограми дрога, поточно апчиња екстази и кристален метамфетамин. Вредноста на дрогата се проценува на околу 2 милиони евра.

Гафур е национална шампионка на Холандија на 400 метри во сала и беше членка на холандската штафета 4х400 метри која настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро пред три години.

Од 28 септември до 6 октомври во Доха, Катар, ќе се одржува Светско првенство во атлетика, па штафетата на Лалињата ќе биде ослабена со неучеството на Гафур, на која ѝ претстои долга затворска казна. За неа спортската кариера е завршена.

- Оглас -

Најнови вести