Позната каква ќе биде „судбината“ на прекинатиот меч ПСЖ – Башакшехир

Прекинатиот натпревар од Лигата на шампиони меѓу Пари Сен Жермен и Башакшехир ќе се доигра утре со почеток од 18:55 часот. Средбата беше прекината по само 14 минути игра кога гостинските фудбалери негодуваа на навредата од четвртиот судија на мечот.

Според тоа што се знае, четвртиот судија расистички навредил некој од таборот на Башакшехир, по што бурно реагираа сите од клупата на гостите. Кратко потоа, фудбалерите на турскиот тим го напуштија теренот, а потоа истото го сторија и играчите на ПСЖ. Видеото од инцидентот може да го видите ТУКА.

ПСЖ ќе брка победа ако сака да заврши како првопласиран во групата каде сигурен патник во следната фаза е Лајпциг. Манчестер јунајтед ќе продолжи во Лигата на Европа, додека Башакшехир по доигрување на дуелот против ПСЖ ќе се прости од европските настапи.

- Оглас -

Најнови вести