Позната казната за Удинезе: Еден меч без публлика, навивачите добија доживотна забрана

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија ја одреди казната за екипата на Удинезе. Стадионот „Фриули“ еден меч ќе зјае празен, и тоа оној следниот домашен против екипата на Монца.

Причина за казната е расистичкиот испад на дел од навивачите кон голманот на Милан, Мајк Мањан, на меѓусебниот дуел на овие две екипи (2-3). Во 31-вата минута од натпреварот, дел од гледачите кои се наоѓаа зад голот на Милан започнаа да го навредуваат голманот на расна основа, а тој се одлучи да си замине од теренот. Неговиот пример го следеа и дел од останатите играчи на Милан, а натпреварот продолжи по петминутен прекин.

Од екипата на Удинезе најавија дека нема да се жалат на казната, но и дека ќе ги суспендираат доживотно навивачите кои го предизвикаа инцидентот.

- Оглас -

Најнови вести