2.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Познати полуфиналните дуели на ЕП, ќе има шоу

Данска немаше милост и убедливо со 38:24 ја победи Норвешка, додека со двоцифрена разлика славеше и Шведска во пресметката со Швајцарија, а резултатот на крајот беше 34:21. Со овие два меча, се комплетираше групната фаза од Европското првенство, па веќе се познати и полуфиналните двојки.

Во полуфиналето и борба за медали ќе играат: Данска – Исланд и Хрватска – Германија.

Данците во Хернинг одржаа уште една ракометна лекција, овојпат против Норвешка. Интересно е дека норвешка парираше до пред крајот на првиот дел кога беше 17.16 за Данска. Од тој момент, Данска заигра многу подобро и разликата само се зголемуваше. Беше 26:19, а прв пат до двоцифрена предност Данска стигна кога поведе со 32:22, за на крајот да стигне и до највисоки 14 гола предност.

Шведска со 13 разлика ја победи Швајцарија, но на крајот заврши на третото место во групата и на крајот ќе се бори за петата позиција на континенталниот собир, последна што води директно на следното Светско првенство.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН ВО ГРУПИТЕ ОД ГЛАВНАТА ФАЗА: 

Група 1: Данска 8 бодови, Германија 8, Португалија 5, Франција 4, Норвешка 3, Шпанија 2.

Група 2: Хрватска 8, Исланд 7, Шведска 7, Словенија 4, Унгарија 2, Швајцарија 2.

- Оглас -

Најнови вести