Познати полуфиналните дуели од ЛШ: Реал – Челзи, Сити – ПСЖ во битка за финале

Реал Мадрид и Манчестер сити се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите откако вечерва ја задржаа предноста стекната по првите мечеви во дуелите со Ливерпул, односно Борусија Дортмунд. Со денешните резултати познати се и полуфиналните парови за Лигата на шампионите. Реал Мадрид ќе игра против Челзи, а ПСЖ е ривалот на Манчестер сити. Првите полуфинални дуели ќе се играат на 27 и 28 април, а реваншите се на 4 и 5 мај.

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид одигра 0:0 на гостувањето кај Ливерпул и тоа беше повеќе од доволно да ја задржи предноста од 3:1 стекната по првиот меч во Мадрид. Кралевите одиграа искусно и во текот на целиот меч имаа контрола на резултатот, а Ливерпул најдобрите шанси ги имаше на почетокот на двете полувремиња, но на двапати одбрани Тибо Куртоа.

 Манчестер сити одигра одлично второ полувреме на гостувањето кај Борусија Дортмунд и тоа беше доволно да обезбеди место во полуфиналето. Борусија на полувремето водеше со голот на тинејџерот Џуд Белингем и тоа беше резултат кој ги водеше Милионерите во полуфиналето.

Сепак, во вториот дел Сити направи пресврт. Клучен момент беше една лоша реакција на Емре Џан, кој лошо реагираше во шеснаесетникот на Борусија и ја удри топката со рака, па судијата покажа пенал за гостите. Ријад Марез погоди за 1:1, а потоа Граѓаните ја презедоа контролата на играта. Голот од пенал може да го видите ТУКА.

Сите дилеми околу патникот во полуфиналето беа решени во 75-тата минута, кога Фил Фоден погоди за 2:1 за Сити, што значеше дека на Борусија во последните 15 минути ѝ беа потребни три гола за влез во полуфиналето, а тоа беше невозможно.

- Оглас -

Најнови вести