Познати потенцијалните ривали на Шкупи во квалификациите за ЛШ, чаирчани ќе бидат на маки

Новиот македонски фудбалски првак Шкупи ќе биде меѓу неносителите во првата квалификациска рунда во Лигата на шампионите, па затоа има незгодни потенцијални ривали од земји со поголем клупски рејтинг од Македонија, но има и екипа од Гибралтар.

Можни противници на Шкупи се: Карабах, Малме, Лудогорец, Шериф Тираспол, Клуж/ФЦСБ, Бодо/Глимт, Ференцварош, Слован Братислава, ХЈК Хелсинки, ТНС од Велс, Жалгирис, Линколн, Шамрок роверс, Дуделанж, Линфилд, можеби и Марибор и Зрињски.

Ждрепката ќе се одржи на 14 јуни, а натпреварите ќе се играат на 5/6 јули, додека реваншите се закажани на 12/13 јули. Елиминираните одат во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести