Во моментов се знаат 20 од 36-те клубови кои ќе играат во лигашкиот дел од Лигата на шампионите во следната сезона.
Познато е дека Англија ќе има дури шест претставници во елитното натпреварување, што ќе биде рекорд, но само Ливерпул има обезбедено место во моментов, другите пет места (победникот на Лига Европа и тимовите кои ќе бидат од второ до петто место во Премиер лигата) кои ќе бидат пополнети со клубови од оваа земја уште се слободни.
Од Италија веќе се знае дека во ЛШ ќе играат Наполи, Интер и Аталанта, се бара четвртиот учесник. Од Шпанија сигурни се Барселона, Реал Мадрид, Атлетико и Атлетик, не е познат петтиот тим. Германскиот квартет ќе го сочинуваат Баерн, Баер, Ајнтрахт и Борусија Дортмунд, а Франција ќе ја претставуваат ПСЖ, Марсеј и Монако.
Холандија ќе има два тима, Ајакс и ПСВ, од Португалија сигурен е Спортинг, а во лигата ќе има место и за Славија Прага и Олимпијакос. Седум тима ќе влезат преку квалификации, а во елитното европско друштво ќе бидат и прваците на Турција и Белгија.