Ракометната репрезентација на Македонија со победата над Швајцарија од 29-27 во последното коло на групната фаза го заврши настапот на Европското првенство во Германија, но ширум си ги отвори портите кон пласман на следното Светското првенство кое следната година ќе се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.
Во група со гигантите Франција и Германија, целта беше јасна, да се победи Швајцарија и да се освои најмалку 17-тото место, со што Македонија ќе биде во групата на носители во претстојниот бараж за пласман на Светското првенство.
Целта е остварена, Европското првенство за нас е завршено, па сега со мислите сме кон следното големо натпреварување. Таму веќе во завршна фаза се квалификациите преку кои треба да се пополнат преостанатите четири бараж-места.
Некаде кон крајот на април ќе се одиграат баражите, а ова се можните ривали на Македонија:
Грузија
Србија
Фарски Острови
Швајцарија
Романија
Грција
Босна и Херцеговина
Белгија или Италија
Естонија или Украина
Финска или Литванија
Словачка или Луксембург/Израел
Победниците од квалификациите ќе бидат познати во неделата на ЕХФ во март, а нашата репрезентација во тој период нема за играње официјални натпревари, па тоа ќе биде искористено за одигрување на две пријателски средби кои ќе бидат можност за дополнителна подготовка за баражот, но и за есенскиот старт на квалификациите за Европското првенство во 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка.