30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Познати се сите учесници на првото Светско првенство со 32 клуба во САД

Екипата на Ботафого со освојувањето на јужноамериканската Копа Либертадорес го затвори списокот со 32 екипи кои ќе учествуваат на првото Светско клупско првенство со 32 екипи, кое следната година од 15-ти јуни до 13-ти јули ќе се одржува во САД.

Најмногу екипи, вкупно 12, ќе има од Европа и тоа Челзи, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид и Салцбург.

Од Јужна Америка ќе учествуваат шест екипи, од кои дури четири од Бразил, што ги прави земја со најмногу претставници на Светското клупско првенство. Претставници на КОНМЕБОЛ се бразилските Палмеираш, Фламенго, Флуминенсе и Ботафого, како и аргентинските Бока јуниорс и Ривер плата.

Претставници на Азија ќе бидат Ал-Хилал од Саудиска Арабија, Урава од Јапонија, Ал-Аин од ОАЕ и Улсан од Јужна Кореа.

Од Африка ќе учествуваат Ал-Ахли од Египет, Видад Казабланка од Мароко, Есперанс од Тунис и Мамелоди Сандаунс од Јужна Африка.

Претставници на Северна и Средна Америка ќе бидат пет екипи, од кои дури три од Мексико и тоа Монтереј, Леон и Пачука, додека САД ќе го претставуваат две екипи, Сиетл Сандерс и Интер Мајами, кој на Светското првенство ќе игра како домаќин.

Од Океанција ќе учествува само тоа една екипа, Оукленд од Нов Зеланд.

Ждрепката за групите ќе се одржи на петти декември во Мајами.

- Оглас -

Најнови вести