Сè е подготвено за реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите помеѓу Карабах и Шкендија, кој започнува во 18 часот на стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку.
Азербејџанскиот стратег Гурбан Гурбанов се одлучи за следниот тим: Кохалски, Силва, Мустафазаде, Медина, Јафаргулиев, Педро Бикаљо, Јанковиќ, Леандро Андраде, Кади, Зоубир, Акундзаде.
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, ќе им се спротивстави со овие единаесетмина: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Ќака, Тамба, Зејнулаи, Љатифи, Ибраими.
Карабах има минимална предност од првиот меч во Скопје (0-1). Победникот ќе обезбеди место во плејофот за Лигата на шампионите, додека поразениот ќе продолжи во плејофот за Лигата на Европа.
Главен судија на мечот е Холанѓанецот Дани Макели.