Познати сите четвртфиналисти во ЛШ, што треба да се знае пред ждрепката?

Челзи и Баерн Минхен се последните две екипи кои обезбедија место во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Во оваа фаза од елитната лига на УЕФА од претходно сигурни беа Борусија Дортмунд, Ливерпул, Пари Сен Жермен, Порто, Манчестер сити и Реал Мадрид.

Ждрепката за четвртфиналните дуели, а воедно и можните полуфинални средби ќе биде позната по ждрепката која точно на пладне ќе биде в петок, во Нион. Според правилата на УЕФА, веќе нема привилигирани екипи и може да се падне секој со секого.

Англија е земјата која има најмногу претставници, дури три (Ливерпул, Манчестер сити и Челзи). Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се претставници од Германија, а по еден тим има од Португалија (Порто), Реал Мадрид (Шпанија) и Франција (ПСЖ).

Од екипите кои останаа, низ историјата на елитното натпреварување, само Манчестер сити и ПСЖ  никогаш не го освоиле најзначајниот клупски трофеј во Европа.

Според распоредот, првите мечеви од четвртфиналето ќе се играат на 6/7 април, а реваншите ќе бидат на 13/14 истиот месец. Првите полуфиналиња се закажани за 27/28 април, а реваншите ќе бидат на 4 и 5 мај. Финалето треба да се игра на 29 мај на „Олимпискиот стадион Ататурк“ во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести