Капитенот на Македонија, Горан Пандев е меѓу стартерите за дуелот против Грусија во Тбилиси. За еден час, овие две селекции ќе го започнат дуелот од Лигата на нации.
Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски се одлучи на малку поповлечена формација 4-2-3-1, со Пандев како најистурен во нападот. Веднаш зад Пандев ќе бидат Трајковски, Барди и Елмас. Во средниот ред контролата треба да ја имаат Спировски и Адеми, додека дефанзивната линија ја сочинуваат Ристовски, Велковски, Муслиу и Алиоски. На голот повторно ќе биде Шишковски.
И Грузија ќе игра во слична формација како Македонија со 4-2-3-1.