23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Познати составите: Милан тргнува без Леао, Интер без Лукаку

Тренерите на Милан и Интер, Стефано Пиоли и Симоне Инзаги, ги одредија почетните состави за вечерашната полуфинална пресметка во Лигата на шампионите и двајцата стратези нема да можат да настапат со најсилните состави.

Тренерот на Росонерите, Пиоли, во почетниот состав не го стави еден од најдобрите играчи сезонава, Рафаел Леао, кој се жали на повреда на ногата. Неговото место во првиот тим го зазеде Белгиецот Алексис Салемакерс. Останатите играчи се исти кои играа во четвртфиналето против Наполи.

Тренерот на Интер, Инзаги, за вечерашниот дуел, од првиот тим одлучи да го изостави Ромелу Лукаку и во нападот на игра до Лаутаро Мартинес и Един Џеко.
Најавени состави:

Милан: Мањан, Калабрија, Кјаер, Томори, Ернандез, Круниќ, Тонали, Дијаз, Бенасер, Салемакерс, Жиру.

Интер: Онана, Дармијан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Барела, Чалханоглу, Мхитарјан, Димарко, Џеко, Мартинес.

- Оглас -

Најнови вести