Тренерите на ПСЖ и Интер, Луис Енрике и Симоне Инѕаги, ги одбраа стартните единаесетмина за финалето од Лигата на шампионите. Двајцата тренери се одлучија за очекувани стартни постави, без поголеми изненадувања.
Луис Енрике ќе започне офанзивно, со формација 4-3-3, а најголема опасност за противничкиот гол ќе биде Усман Дембеле. Негова поддршка треба да биде Квича Кварацкелија, кој ќе му прави друштво во офанзивата.
Инѕаги ќе го започне мечот со нешто попретпазлива формација 3-5-2, која ќе се трансформира со пет дефанзивци во моментите кога екипата ќе се брани. Задолжени да го загрозат противничкиот гол ќе бидат Лаутаро Мартинес и Турам.