Ајакс се надева на повторување на блескавите сезони од минатото кога се искачување на тронот на фудбалска Европа, додека Тотенхем сонува за прво финале во Лигата на шампиони. Холандскиот клуб ја има традицијата на своја страна и младоста, но искуството и уиграноста е како плус за Тотенхем.
Првиот меч од полуфиналето во ЛШ се игра утревечер во Лондон, а УЕФА го одреди Матео Лаос од Шпанија да биде главен делител на правдата.
Во второто полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул, на центарот на „Камп Ноу“ ќе биде еден од најавторитетните судии в Европа, Бјорн Кујперс од Холандија. Без разлика колку и да се важни играчите на теренот, сепак, некогаш може да се случи една судиска одлука да биде и решавачка на мечот, но се надеваме дека овојпат арбитрите нема да бидат тие кои ќе треба да влијаат директно на резултатот.