Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, најверојатно ќе се врати на терен на 18 ноември, пренесуваат инсјадери од НБА-лигата.
Тој нема да патува со тимот на серијата натпревари како гостин во Атланта, Шарлот, Оклахома, Њу Орлеанс и Милвоки.
За време на тој период, Џејмс ќе работи индивидуално.
Прогнозите велат дека тој би можело да се врати на терен на 18 ноември, кога е закажан натпреварот против Јута џез во Лос Анџелес.
Сепак, и покрај неговото отсуство, ЛА лејкерс одлично ја започнаа сезоната и предводени од Лука Дончиќ имаат скор 6-2.
Леброн Џејмс, кој во декември ќе наполни 41 година, минатата сезона имаше просек од 24,4 поени, 7,8 скокови и 8,2 асистенции, а одигра 70 натпревари во НБА-лигата.

