21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Познато е кога Серија А ќе продолжи со натпреварување

Откако италијанскиот шампионат запре со натпреварување на 9 март, од тој момент се шпекулира кога, односно дали воопшто Серија А ќе ја доврши сезоната од која останаа 12 кола. Иако сè уште одлуката не е дефинитивна, неколку италијански новинари тврдат дека 9 мај е датумот кога калчолигашите ќе се вратат на терените.

Датумот е прифатен од страна на сите 20 клубови кои денес имале видеосостанок. Доколку на 9 мај екипите продолжат со натпреварување, шампионатот во Серија А би траел до средината на јули. Сепак, се чека уште УЕФА да го одложи Европското првенство за одлуката да биде потврдена, а сè поизвесно е дека континенталниот собир нема да се случи ова лето.

Првично прекинот требаше да трае до 4 април, но ситуацијата во Италија и натаму е критична со Коронавирусот, а целата земја е во карантин.

- Оглас -

Најнови вести