Новиот британски монарх, Чарлс Трети, кој вчера беше крунисан во крал, го сака фудбалот, а долго се криеше дека е навивач на Барнли, клубот кој сезонава доминира во Чемпионшип и во следната сезона ќе биде премиерлигаш, можеби со Дарко Чурлинов во составот.
Долго време беше тајна за кого навива Чарлс, а тој во една прилика во 2012 година призна дека го сака Барнли. Кралот бил привлечен од позицијата на аутсајдер која ја имал Барнли и потешкотиите со кои се борел клубот и целиот град.
Постариот син на Чарлс и престолонаследник, принцот Вилијам, навива за Астон Вила, а неговата сопруга, Кејт, како и цело нејзино семејство со кое порасна, навива за Челзи. Другиот принц, Хери, е фан на Арсенал, клубот за кој навиваше и неговата покојна баба, кралицата Елизабета, а таа имала симпатии и кон Вест Хем.
Едно е сигурно, во Бакингемската палата не го сакаат Ливерпул, а ни фановите на Црвените не го обожуваат кралското семејство.