По неуспешната сезона на ПСЖ, во која освоија само еден трофеј (титулата во Франција), а целеа на сите четири во натпреварувањата во коишто учествуваа (Лигата на шампиони и двата француски купови), се појавија шпекулации дека неколку играчи ќе мора да си заминат за да се обнови тимот.
Меѓу нив се најде и ветеранот Џанлуџи Буфон. Само една година откако потпиша за Светците, француските медиуми веќе го отселија од Париз, но тој сега стави крај на сите дилеми околу неговата иднина. Џиџи е подготвен да игра во својата 25-та сезона во кариерата, а по сите изгледи, ќе потпише и нов договор со францускиот првак.
„Клубот ми понуди продолжување на соработката, што значи дека уште сметаат на мене. Тоа ме прави среќен, а дури во наредните денови ќе процениме дали ќе можам да придонесам на овој проект“, истакна Буфон.
Минатото лето Буфон го напушти Јувентус по 17 години, а оваа сезона настапи на 24 натпревари во сите конкуренции за екипата од „Паркот на принцовите“. Иако Буфон го одбра ПСЖ за да може конечно да ја дофати европската титула по неколку неуспеси со „старата дама“, потфрли и оваа сезона откако Светците беа елиминирани од Манчестер јунајтед во осминафиналето.
Еве му шанса да се поправи, и тој, а и ПСЖ.