Познато кога ПСЖ ќе го промовира Меси, но и која од ѕвездите останува во Париз (фото)

Пари Сен Жермен за утре во 11 часот закажа прес-конференција на која ќе го претстави најголемото засилување во клупската историја, Лионел Меси. Аргентинската мегаѕвезда веќе е во Париз каде што ги извршува медицинските прегледи и треба да го стави потписот на договорот, а претходно Светците преку социјалните мрежи го потврдија ангажманот.

Во видеозаписот имаше и една скриена, а многу важна порака. Тоа е дека Килијан Мбапе останува во клубот барем што се однесува за претстојната сезона 2021/22.

Меѓу дресовите на Нејмар со број 10 и Мбапе со 7, стоеше аргентинското знаме и резервираното столче за Меси, што дополнително појаснува дека Лео ќе бира меѓу броевите 19 и 30, како што се најавуваше.

Бидејќи веќе нема дилеми, може да се погледне стартниот состав кој ќе го води Маурисио Покетино во претстојната сезона, а ретко кој тим ќе може да им се спротивстави на овие 11 фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести