Новак Ѓоковиќ, како што посакуваше, 2023 година ја започна со трофеј. Србинот победи на турнирот во Аделаида, кој е како подготовка за првиот гренслем во сезоната, Отвореното првенство на Австралија.
Во финалето на турнирот во Аделаида, Ѓоковиќ го победи Американецот Кодра со 2:1 во сетови, иако фаворитот беше во негатива по првиот сет. Веднаш по завршувањето на првиот сет, кој го загуби, Ноле многу му се налути на својот брат и реши да го избрка од трибините. Покрај брат му Марко, од ложата на Ѓоковиќ си заминаа и менаџерот Едуардо, како и госпоѓата Елена, која е задолжена за односи со странските медиуми.
Многумина се чудеа зошто Ѓоковиќ толку многу се налути и реши да ги избрка овие тројца од неговата ложа, која е во три реда. Првиот ред е резервиран за стручниот штаб, во вториот ред се членовите на семејството, додека третиот ред е резервиран за пријателите и деловните партнери.
Едуардо и Елена се двајцата кои се задолжени за тоа како се однесуваат сите оние кои се дел од ложата на Новак. Ѓоковиќ има посебен протокол за тоа како треба да се однесуваат луѓето во неговата ложа, а очигледно дека брат му Марко прекршил некое од тие правила. Едуаро и Елена заедно со Марко беа избркани затоа што токму тие двајцата требало да внимаваат и да му сугерираат на Марко дека прави нешто што не треба.
Ситуацијата кога Ѓоковиќ „збесна“ и го избрка сопствениот брат од трибините може да ја видите ТУКА.