23.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Познато зошто Луис Енрике ја напушти шпанската репрезентација

Луис Енрике во јуни годинава ја изненади јавноста со одлуката да даде отказ од шпанската репрезентација. Причините досега не беа познати, поради што се почитуваше неговата приватност, а стратегот денес преку соопштение на социјалните мрежи ја откри причината.

Како што пишува во неговото писмо, починала деветгодишната ќерка на Енрике, Хана, која по пет месеци ја загубила битката против рак на коските. Eнрике се заблагодари за почитување на неговата приватност и трпение во овој тежок период.

Како што е познато, Роберто Морено, неодамнешната десна рака на Енрике, е назначен за селектор на Црвената фурија.

- Оглас -

Најнови вести