Новиот шпански селектор со големи амбиции: Одиме по титула на Еуро 2020

Роберт Морено, кој досега работеше како помошник на Луис Енрике во националниот тим на Шпанија, ја доби довербата да ја води Црвената фурија како главен селектор.

Овој 41-годишен стручњак му беше десна рака на Енрике, кој си поднесе оставка поради семејни причини. Проблемите почнаа во март, кога Енрике принудно си замина од Малта за да се врати дома, но сите му ја почитуваат приватноста и не се знае за каков проблем станува збор. Што и да е, Луис Енрике не може целосно да им се посвети на репрезентативните обврски.

„Сонував еден ден да станам селектор, но не сакав тоа да се случи на ваков начин. Ова е еден ден кога имам измешани чувства. Им благодарам на челниците на Федерацијата за довербата. Ќе ми биде и тешко и убаво. Продолжуваме таму каде што застана Луис Енрике. Шпанија нема да го смени стилот, ќе се трудиме противниците што помалку да ја имаат топката во нозе. Ќе се обидеме да одиграме најдобро што знаеме и не само да се пласираме на ЕП 2020, туку и да го освоиме“, рече Морено.  

- Оглас -

Најнови вести