Историското прво Светско клупско првенство со 32 екипи е во полн ек во САД, но организаторот се соочува со големи проблеми затоа што не може да привлече доволен број публика.
Ноќеска се играше мечот меѓу јужноамериканскиот тим Мамелоди и екипата на Улса од Јужна Кореја. Непосредно пред да започне овој меч, трибините на стадионот зјаеа празни.
Еден навивач кој беше на трибините преку видео порака покажа како изгледаат трибините, а тој потенцира дека успеал да изброи само 97 гледачи. Стартот на овој меч беше одложен поради невреме, односно грмотевици.
́ ! ️
Les 97 spectateurs dans le stade (25.000 de capacité) ont reçu l’ordre de quitter leurs sièges et de s’abriter… d’une tornade. pic.twitter.com/Rxzw6CTf51
— Actu Foot (@ActuFoot_) June 17, 2025
Откако започна мечот, организаторот официјално соопшти дека мечот го следеле 3.100 гледачи, што изгледаше многу „сиромашно“ на стадион кој собира 25.000 гледачи.
На крајот Мамелоди победи со 1:0 и ги освои првите три бода на овој турнир.