Кристијано Роналдо беше многу лут кога излезе од игра на дуелот против Грузија, кој неговата Португалија го загуби со 2:0. Овој меч немаше големо значење за Португалија која го имаше обезбедено првото место во групата, но за Грузија тоа беше историски триумф.
Дебитантот на ЕП прв пат победи на големо натпреварување и се пласираше во осминафиналето. Во составот на Грузија беа дури 11 фудбалери кои пред нешто повеќе од една деценија беа деца кои играат во академијата на Динамо Тбилиси.
Во 2013 година, Роналдо беше гостин во Тбилиси и ја посети академијата на Динамо, каде се фотографираше со децата. Е сега, дури 11 тие деца од 2013 година, синоќа беа во составот на Грузија која ја победи Португалија, со Роналдо како капитен.
In 2013, the FC Dinamo Tbilisi Academy was inaugurated by @cristiano.
Today, 1️⃣1️⃣ Georgian players from the academy will meet Ronaldo again at the EUROs. What a story! 🇬🇪🤯 pic.twitter.com/YbSqoJUbl8
— 433 (@433) June 26, 2024
Меѓу тие деца секако беше и Квича Кварацкелија. Првата ѕвезда на Грузија даде гол против Португалија, а по завршување на мечот, беше прогласен за најдобар играч на мечот. Покрај наградата за МВП, Кварацкелија го доби и дресот на Роналдо.