Пред 16 години сама се „уништи“ и остана без златото, но сега конечно дочека да е на тронот на ЗОИ (Видео)

Американката Линдзи Јакобелис конечно го оствари својот сон и сега може да го заборави кошмарот од пред 16 години. Јакобелис денеска стана олимписка шампионка во сноуборд во дисциплината крос.

Со 36 години, Јакобелис стана најстарата освојувачка на златен медал во сноуборд на Зимски олимписки игри. Американката повеќе од една и пол деценија е една од најдобрите во овој спорт. Била 10-кратен освојувач на Х-игрите, шесткратен светски првак, но дури сега ѝ се оствари сонот за злато на ЗОИ.

Јакобелис пред 16 години, на ЗОИ во Торино беше на дофат до златото, но направи катастрофална грешка поради која остана на второто место. Во финалето, Јакобелис имаше дури 43 метри предност пред Фриден, но на претпоследната рампа за скокање, сакајќи да направи атракција, Американката ја загуби рамнотежата и падна.

Тој пад на Јакобелис го искористи Фриден, која успеа прва да влезе низ целта, па Американката остана втора.

Јакобелис на следните ЗОИ не успеа да освои медал, а сега на 36 години конечно стигна до златен медал, кој воедно е и прв за САД на овие Олимписки игри во Пекинг.

- Оглас -

Најнови вести