Прославениот фудбалер Синиша Михајловиќ во саботата го шокираше спортскиот свет откако објави дека боледува од прогресивен тип на леукемија. И покрај тешката и опасна болест, Михајловиќ најави дека нема да се предаде и дека ќе се бори да ја победи опасната болест.
За тоа колку Михајловиќ е голем не само како фудбалер и тренер, туку и како човек, сведочи Николина Радуновиќ од Подгорица. Таа објави дека пред 19 години, токму Михајловиќ бил човекот кој помогнал да ѝ го спасат животот. Николина преку емотивна порака на социјалните мрежи
„Утро, 13 јули, 2019 година. Прва вест која ја читам поврзана за Синиша Михајловиќ. Болен е. Велат ја води битката за животот. Мојот Синиша? Синиша, чија фотографија е на насловната страна на мојот телефон? Тој Синиша, Михајловиќ Синиша – човек, фудбалер, родољуб, хуманитарец, татко, маж и големина во секој поглед. Пред 19 години ми овозможи да живеам. Ми овозможи да сум тоа што сум сега, да живеам живот, да чекорам по патот, да чувствувам, да сакам, да љубам – а тебе можеби и најмногу. Би сакала да можам да ти помогнам како што ти мене ми помогна. Би сакала да можам да ти дојдам во посета како што ти ми доаѓаше. Но не можам. Моја единствена помош сега ќе биде молитвата. Молитвата за уште една победа. Ќе се молам на Господ во кој двајцата веруваме. Во надеж дека нема ти ја скрати милоста, во надеж дека нема да ја заборави твојата великодушност и дека ќе ти подаде рака, како што ти им имаш подадено на илјадници луѓе за твојот половина век живеење“, напиша Николина на својот пост.
Михајловиќ неодамна, по повод неговиот 50-ти роденден, имаше интервју во кое зборува за неговиот живот. За интервјуто може да прочитате ТУКА.