Хрватска и Србија попладнево и вечерва ќе се борат за место во финалето на тенискиот Дејвис куп. На социјалните мрежи се појави една интересна фотографија од 2000 година, од пред почетокот на финалето на Дејвис купот, во кое тогаш во Барселона играа Шпанија и Австралија.
Шпанците во состав Хуан Карлос Фереро, Алберт Коста, Жоан Балселс и Алекс Кореча ја освоија титулата, а при претставувањето пред финалето, знаменосец им беше едно 14-годишно дете кое сега е еден од најдобрите во историјата на тенисот.
Станува збор за Рафаел Надал. Пет години по оваа слика на која тој е знаменосец, Рафа дојде до првата гренслем-титула во кариерата, а има вкупно 20 такви трофеи, со што е на делба на рекордот во историјата на машкиот тенис.