На денешен ден пред 42 години почина Јосип Броз Тито, а милиони жители на поранешната држава беа во плач откако медиумите ја објавија оваа вест.
Само на минути пред натпреварот меѓу Хајдук и Црвена ѕвезда, играчите и сите присутни на „Пољуд“ ја дознаа веста и голем дел од играчите, но и судиите завршија во плач откако спикерот кажа дека Јосип Броз Тито не е веќе меѓу живите.
По самата вест, навивачите своеволно почнаа да го пеат „Друже Тито ми ти се кунемо“.