Вардар ќе биде домашн на Шкендија на утрешниот меч во 10 коло од Прва македонска лига, а тоа ќе биде дуел меѓу последниот на табелата и лидерот. Вардар досега освои само пет бодови од осум средби, а Шкендија е прва со 20 бодови од девет дуели.
„Да беше ова дуел во некои понормални времиња мечот помеѓу Вардар и Шкендија ќе се одлучуваше кој ќе биде есенски првак. за жал реалноста е друга. Ние сме во зоната за испаѓање и се бориме да излеземе од неа. Според мене, утре нема да победи поквалнитетлниот туку тој што ќе има повеќе желба, што ќе покаже повеќе карактер на теренот. Верувам дека сите фудбалери утре ќе бидеме на потребното ниво. Секогаш кога играме дома атакуваме на трите бода, без разлика кој е противникот“, најави капитенот на Вардар, Дарко Мицевски.
Челниците на клубот го промовираа и новиот дизајн на дресот на Вардар, но тој нема да биде сефтосан утре, туку на некој од следните натпревари.