Пред десетина години газеа во Лигата на шампионите, сега им забрануваат на играчите да ги разменат дресовите (Видео)

Екипата на Малага во моментов се натпреварува во третата шпанска лига, а само пред десетина години играа во Лигата на шампионите и беа вистинска сензација кога стигнаа до четвртфиналето. Тогаш во плејофот го елиминираа Панатинаикос, а во групната фаза завршија како први пред Милан, Зенит и Андерлехт. Во осминафиналето го елиминираа Порто, а потоа тесно загубија од Борусија Дортмунд и испаднаа.

Сепак, оваа сезона првпат по 1998 година се натпреваруваат во третиот ранг и во моментов се на четвртата позиција, која ги води во разигрувањето за влез во Сегунда. Викендов со 0-1 го победија вториот состав на Атлетико Мадрид на гостински терен, а нивните навивачи бараа да им ги подарат дресовите. Сепак, на фудбалерите им е забрането да ги разменат или да ги подарат дресовите бидејќи клубот е во толку голема финансиска криза, што им ги одбиваат парите од плата ако сакаат да добијат нов за следниот натпревар. Така камерите го фатија моментот кога Дани Лоренцо се договори со еден навивач на трибините да му го продаде дресот и тоа за сума од 50 евра.

https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1779627211479249006?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1779627211479249006%7Ctwgr%5E06d742677a38f10a1cb6e161012f2b2b3ea496ea%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fmalaga-igraci-prodaja-dresova%2F472661

- Оглас -

Најнови вести