Пред девет месеци стана светски првак, а сега не може да најде клуб

Алехандро Папу Гомес на 1 септември го раскина договорот со Севиља и остана без клуб. Аргентинецот кој пред девет месеци беше дел од златната генерација на Гаучосите и се радуваше на светската титула на Мундијалот во Катар, веруваше дека брзо ќе најде нов клуб, но не е така.

Речиси еден месец Папу Гомес не може да најде нов клуб па затоа сега дури е решен и да ја заврши кариерата на 35 години.

„Чекам вистинска шанса, но ако не се појави, ќе се простам од фудбалот. Во фудбалот вложив се што имам и не сакам да заврши со горчлив вкус. Фактот дека сум светски првак уште ми е нереален. Сфатив дека со напорна работа секој сон може да се оствари“, вели Папу Гомес, кој во Европа ги помина последните 13 години.

Офанзивецот пристигна во Европа во 2010 година и заигра во Италија за тимот на Катанија. По три години замина во украински Металист, а потоа повторно се врати во Италија и го облече дресот на Аталанта. Во клубот од Бергамо ги одигра најдобрите години од кариерата. Во седум сезони даде 59 погодоци за Аталанта во 252 средби.

Последниете две години го носеше дресот на Севиља, а засега нема на повидок клуб во кој би продолжи да игра. За Аргентина одигра 17 средби и постигна три погодоци.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести