Пред две години беше светски првак, а сега ќе игра во втора лига

Искусниот француски фудбалер Адил Рами е пред потпис со италијанскиот тим Реџина. Тоа е клуб кој се натпреварува во Серија Б, а во новата сезона има за цел да се пласира во елитното друштво. Во изминативе неколку месеци, Рами беше член на Сочи во Русија, но не одигра ниту еден меч за овој клуб.

Пред само две години Рами беше во дресот на Олимпик Марсеј и беше член на француската репрезентација која на Светското првенство стана планетарен владетел. Сега Рами ќе има за цел да ја одведе Реџина до место во Серија А.

Реџина е клуб кој пред неколку години банкротираше и мораше да почне од најслабата лига во Италија. Последен пат беше дел од Серија А во 2009 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести