Пред две години играа во Премиер лигата, а сега испаднаа во трета лига

Фудбалерите на Лутон доживеаја второ последовно испаѓање и следната сезона ќе играат во Лига 1, откако беа поразени на гостувањето кај Вест Бромвич Албион. Им беше потребна победа за да останат во Чемпионшип, но наместо тоа, тие доживеаја тежок пораз и испаднаа во третиот ранг на англискиот фудбал, само една година по испаѓањето од Премиер лигата.

Домаќините беа убедливи, два гола постигна Томи Фелоуес, додека Калум Стајлс исто така двапати ја погоди мрежата на Лутон. Во стрелците се запиша и Дариел Дике, кој погоди со глава.
Лутон одговори со три гола, двапати беше прецизен Миленико Али, а еднаш погоди Џордан Кларк, но тие голови немаа реална важност бидејќи на крајот испаднаа поради полошата гол-разлика во однос на Хал Сити. И Лутон и Хал ја завршија сезоната со 49 бода, но примените голови ја одлучија судбината на Лутон.

Лутон, кој осумдесеттите години играше во првата лига, му требаа десет години да се врати во Премиер лигата, а минатата година славеа на Вембли против Ковентри, обезбедувајќи враќање во елитниот ранг. За жал, нивната авантура во Премиер лигата траеше само една сезона, а сега мора да се подготват за враќање во Лига 1, по две последователни испаѓања.

Менаџерот Роб Едвардс имаше амбиции со тимот да се бори за врвот на табелата, но серијата повреди, особено во одбраната, и катастрофалните резултати на гостувањата брзо ги уништија тие планови. По четири последовни порази, Едвардс доби отказ во јануари, а на негово место дојде Мет Блумфилд, кој претходно го водеше Вајкомб. На Блумфилд му беше потребно време за да ја стабилизира екипата, но се покажаа знаци на подобрување.

Победата против Портсмут во март ја означи пресвртницата, а три последовни триумфи против Дерби Каунти, Бристол сити и Ковентри сити помогнаа Лутон да излезе од зоната за испаѓање пред последното коло. За жал, сепак не успеаја да ја дозавршат работата.

И покрај испаѓањето, клубот гледа кон иднината. Одобрени се плановите за изградба на нов стадион со 25.000 места, кој треба да биде завршен до 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести