Пред еден месец едвај ја победија некомплетната Македонија, а им одржаа лекција на Меси и компанија!

Точно пред еден месец, на 22 октомври Саудиска Арабија и Македонија одиграа контролен натпревар од затворен тип и се покажа како успешно ги криеле своите адути тогаш.

Саудијците го совладаа македонскиот тим со 1-0, стрелец беше Салех Калид Ал Шехри, кој денеска даде гол во сензацијата против Аргентина на СП во Катар. За Македонија играа претежно фудбалери од домашното првенство, а имало и чист пенал за нашите, кој не бил досуден.

Испадна дека Саудиска Арабија повеќе се мачеше против Македонија, отколку против Аргентина, а во последен момент решија средбата да биде затворена.

Денеска С. Арабија им дозволи на Гаучосите да помислат дека се моќни и доминантни, за набрзина на стартот на вториот дел да им приредат шок кој долго ќе се памти. Откако поведоа со 2-1, одлично се бранеа и бункерот ги издржа аргентинските налети.

- Оглас -

Најнови вести