Пред еден месец Скариоло рече дека им љубомори на Србија и Словенија, а сега…

Италијанецот Серџо Скариоло по четврти пат стана европски шампион како селектор на Шпанија, титулата ја освојуваше во 2009, 2011, 2015 и 2022, и се искачи на второто место на вечната листа, зад славниот Александар Гомељски, кој има седум континентални титули со некогашниот СССР.

Годинава никој не ја сметаше Шпанија за еден од кандидатите за злато и токму тука е мајсторијата на Скариоло. Тој целосно го симна притисокот од тимот со изјавата дека им се воодушевува на Словенија и Србија додека го гледал нивниот пријателски меч и дека го фатила депресија што и тој нема таков тим. Тогаш сите помислија дека Скариоло сам ја отпишува Шпанија, која остана без неколку важни играчи и некомплетна се појави на Евробаскетот 2022.

Точно еден месец по изјавата на Скариоло, моќните Словенија и Србија ги нема никаде меѓу медалистите, а Шпанија го освои златото. За разлика од другите состави полни со ѕвезди, Скариоло од Шпанија направи тим, а кошарката е тимски спорт.

Сега во Шпанија веќе никој не го критикува Лоренцо Браун, кој даде голем придонес за титулата, а кога објавија дека ќе игра на ЕП, многумина се бунеа зошто Црвената фурија има натурализиран играч кој никогаш не играч во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести