Гледав Словенија – Србија и не знаев дали да уживам или да го исклучам телевизорот поради депресија

Италијанскиот стручњак и долгогодишен селектор на Шпанија, Серџо Скариоло, има работено со многу врвни кошаркари, па затоа кога тој ќе пофали нешто и некого, тоа е голем комплимент. А, Скариоло ги пофали селекциите на Словенија и Србија, кои пред некој ден одиграа пријателски меч во Љубљана.

„Го гледав мечот на Словенија и Србија, и размислував дали да продолжам да гледам и да уживам, или да го исклучам телевизорот да не ме фати депресија“ – изјави Скариоло кој во својот тим нема ѕвезди од типот на Дончиќ, Јокиќ, Адетокумбо, па Шпанија не е во прв ред фаворити за европската титула.

- Оглас -

Најнови вести