Само пред шест години, Малага беше на неколку секунди од пласман во полуфиналето од Лигата на шампиони. Малага водеше со 2:1 против Борусија Дортмунд и беше на прагот да влезе меѓу најдобрите четири. Сепак, во шокантна завршница, Борусија израмни во 91-вата минута на 2:2, а потоа, неколку секунди пред да се означи крај на мечот, Милионерите дадоа и трет гол и ја елиминираа Малага.
Тој пораз беше големо разочараување за играчи како што се Иско, Де Микелис, Хавиер Савиола… Платите на фудбалерите беа големи, а во клубот не се работеше правилно, па Малага тонеше во долгови. УЕФА мораше дури и да го исфрли овој клуб од европските натпреварувања.
Малага мораше да ги продаде ѕвездите, а потоа почна борбата за опстанок. Минатата сезона, Малага во последното коло не се спаси од испаѓање, па сега е дел од Сегунда дивисион. Во сабота, Малага ја очекува дуел против Кадис, но мечот може да не се одигра. Причина за тоа е неможноста Малага да собере 11 играчи за настап. Затоа од клубот побарале овој дуел да се одложи и да не се игра во предвидениот термин.