Точно пред 25 години Аргентинец утна три пенали на еден меч (Видео)

Аргентина вечерва во 3 часот по полноќ по македонско време игра четвртфинале на Копа Америка против Еквадор. Светските прваци се големи фаворити на овој меч кој ќе се игра 25 години по еден легендарен меч на Гаучосите на Копа Америка, кој е неповторлив и незаборавен, но во лошо сеќавање за Аргентинците.

На 4 јули 1999 година, на натпревар против Колумбија од групна фаза на Копа Америка, Мартин Палермо изведе три пенали за Аргентина и не реализира ниту еден. Прво ја погоди пречката, па шутна преку гол, а третиот му беше одбранет од голманот на Колумбијците.

Сега Аргентинците имаат посигурен пеналџија, просто невозможно е да се случи Лионел Меси да утне три пенали на еден ист меч. Тоа му успеа само на Палермо пред 25 години и на никој друг.

Потсетување на утките на Палермо:

- Оглас -

Најнови вести