26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Пред точно 4 години, Меси ја направи можеби најголемата грешка во кариерата

На 10-ти август 2021 година, Лионел Меси потпиша договор со Пари Сен Жермен, а на четиригодишнината од тој момент, може да се заклучи дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња веројатно жали што го направил тоа.

Меси во ПСЖ остана две сезони, бројките не му беа лоши, на 75 меча имаше 32 гола и 34 асистенции, освои и „Златна топка“ како играч на Светците, но таму не ја најде среќата и не успеа да ја освои Лигата на шампионите која му беше главна цел. Во секое интервју, Меси повторува дека Париз „не му легнал“ и не биле среќни ни тој ни семејството.

Но, тогаш кога ненадејно и против своја желба мораше да ја напушти Барселона која имаше финансиски проблеми, веројатно не ни имаше избор, ПСЖ беше единствениот клуб што можеше да си дозволи да го плати.

Сега Меси е во Интер Мајами каде е прилично среќен, има примамливи понуди да си замине, но после лошото искуство со преминот од Барса во ПСЖ, не сака да носи решенија кои може да се покажат како погрешни.

- Оглас -

Најнови вести